Узурпиран е планинарскиот дом на Водно

Со одлука на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија вчера насилно беше скршена влезната врата на планинарскиот дом Даре Џамбаз на врвот на Водно и предаден во владение на  новооснованиот планинарски клуб Х2О, реагираат планинарите кои се сомневаат дека зад оваа одлука на федерацијата стојат интереси на поединци и на познати скопски угостители.

Шест децени овој дом беше отворен за сите стари и нови посетители, планинари, бајкери, засолниште и место за одмор, закуска, дружење... Неговото претворање во комерцијален угостителски објект е спротивно на интересите на планинарите и на љубителите на природата, реагираат тие.

Досега Федерацијата на планинарските спротови вака постапила со повеќе планинарски домови, домот на Средно Водно, домот на Матка...

„Навистина секоја ви чест на упорноста и на истрајноста во уништувањето на сите јавни објекти со намена планинарски домови во Македонија“, иронично реагираат љубителите на Водно.

Со планинарскиот дом Даре Џамбаз на врвот Водно управува ПСК Бистра, а судскиот спор до федерацијата е во тек.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе