Подготовки за одбележуање на Денот на независноста

Утре во Скопје ќе бидат затворени за сообраќај повеќе булевари и улици

Поради подготовки за настанот по повод Денот на независноста, во централното градско подрачје на град Скопје утре ќе има изменет сообраќаен режим, а некои улици и булевари ќе бидат затворени за сообраќај, соопшти МВР и информира детално за тоа во кој временски период ќе бидат затворени одделни сообраќајници.

 Почнувајќи од 11 часот затворени за сообраќај ќе бидат:

-ул."11-ти Октомври" и ул. "Димитрие Чупоски" во правец на движење од ул."Васил Главинов" до ул."Филип Втори Македонски" додека спротивниот правец ќе биде отворен за сообраќај, а од 15,00 часот сообраќајот ќе биде затворен во двата правци.

- Од 23 часот на 07.09.2021 до 11,00 часот на 08.09.2021 година дополнително затворени за сообраќај ќе бидат ул."Даме Груев" на потегот од крстосницата со ул."Македонија" до крстосницата со ул."11-ти Октомври" и ул."Филип Втори" на потег од Кеј "13-ти Ноември" до ул."11-ти Октомври" и ул."11-ти Октомври" на потегот од бул. "Кочо Рацин "до ул. "Даме Груев".

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Сектор за внатрешни работи Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, информира МВР.

За таа цел Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе