Поради Водици

Утре во центарот на Скопје, во Ѓорче Петров и Аеродром посебен сообраќаен режим

Во пресрет на верскиот празник Водици (19.01.2019 година), сообраќајната полиција при СВР-Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром, информира МВР.

Утре, 19.01.2019 година во периодот од 10.00 часот па до завршувањето на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени улиците „Филип Втори“ до булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Кеј 13-ти Ноември“ до булеварот „Кочо Рацин“.

Во општината Ѓорче Петров од 10.00 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“ десно по булеварот „Партизански Одреди“, десно по улицата „Ѓорче Петров“, лево по улицата „Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по улицата „Демир Трајко“ и лево по улицата „Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.

Во општина Аеродром, пак, од 10.00 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните  да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе