Утре велосипедски трки во општина Илинден, посебен режим на сообраќај

По повод денот на општина Илинден, утре во периодот од од 15:30 до 19:30 часот ќе се одржи велосипедска трка, поради што ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот долж предвидените тркачки патеки.

Од 15:30 часот велосипедската трка за реакреативци ќе стартува од спортска сала „Гоце Делчев" (во населбата Илинден) потоа кон село Марино, назад кон Илинден, по улица „9", улица „8" до спортска сала „Гоце Делчев".

Трасата пак на велосипедска трка за професионалци чиишто почеток е закажан за 16:00 часот, е со старт од паркингот пред спортската сала во општина Илинден преку надвозник во населба Илинден кон Ајватовци, потоа Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци, Кадино, Марино и назад до спортска сала „Гоце Делчев" (трката ќе заврши околу 19:30 часот).

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по трасите каде што ќе се движат натпреварувачите.

Постоењето на три етнички јавности и една, условно речено граѓанска, која постои само во поголемите градови каде што Бошњаците се мнозинство, предизвикува длабоко поделен медиумски простор.

повеќе

Би било добро роднините да не бидат жртви и да има повеќе повици кон роднините – функционери.

повеќе

Oд човекот кој успеа со сосема нова партија да го наруши целовековниот монопол на ПАСОК и Неа демократиа на грчката политичката сцена, може да се очекува буквално сѐ.

повеќе