Скопје на точак 2019

Утре велосипедска трка низ Скопје, ќе има изменет режим на сообраќај

На 03.11.2019 (недела) со почеток во 12.00 часот ќе се одржи велосипедската трка „Скопје на точак 2019“, во организација на Сојузот на спортови на Скопје. 

Трасата на движење на учесниците со велосипед ќе биде од фонтаната „Лотос“ во Градски парк, право по булеварот „Илинден“, лево по ул.„Љубљанска“, лево по бул.„Партизански одреди“, лево по бул.„ВМРО“, па десно по бул.„Гоце Делчев“, десно по бул.„Крсте Петков Мисирков“, во продолжение по бул.„Кочо Рацин“, десно по ул.„Свети Кирил и Методиј“, десно по бул.„Свети Климент Охридски“, лево по бул.„Илинден“, до пред фонтаната „Лотос“ во Градски парк.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива велосипедската трка.

 

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе