МВР

Утре синдикалистите ќе штрајкуваат, посебен сообраќаен режим во Скопје

По повод празникот на трудот „1-ви Мај", односно заради закажаниот синдикален марш во организација на Сојузот на синдикати на Македонија, што ќе започне утре во 11 часот во Скопје, СВР Скопје ќе воведе посебен сообраќаен режим за непречено одвивање на манифестацијата долж најавената маршута на движење на учесниците.

МВР соопшти дека маршот е предвидено да започне пред зградата на ССМ на ул. „Мирче Ацев“ со движење: лево по ул. „Филип 2-ри Македонски“, десно по ул. „11-ти Октомври“, право по ул. „Димитрие Чуповски“, десно по ул. „Васил Главинов“, право по бул. „ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред објектот на Влада на РСМ во Скопје.

Од тие причини сообраќајната полиција ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајниците во централното градско подрачје.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците на маршот.

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе