Утре посебен режим на сообраќај во Скопје, приватните превозници ќе ја блокираат крстосницата кај „Мавровка“

Министерството за внатрешни работи информира дека поради најавено одржување на протест, утре со почеток во 07:00 часот, СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот на булеварите .„Гоце Делчев" и „Крсте Петков Мисирков" како и на околните улици.

Министерството за внатрешни работи информира дека поради најавено одржување на протест, утре со почеток во 07:00 часот, СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот на бул.„Гоце Делчев" и бул.„Крсте Петков Мисирков" и околните улици.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Претходно денеска приватните превозници вклучени во Јавниот линиски превоз за утре најавија протест со целосно блокирање во сите правци на крстосницата кај Мавровка, односно булеварот „Гоце Делчев" и булеварот „Крсте Петков Мисирков".

Како што најави приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз", блокирањето ќе биде со повеќе од 30 автобуси и повеќе од 300 луѓе.

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе