Пренасочување на сообраќајот

Утре од 7 часот поради протест блокада на крстосницата кај Усје

Поради најавен протест на група граѓани со блокирање нa крстосницата на булеварот „Србија“ со булеварот „Борис Трајковски“ во времето од 07.00 часот сообраќајот ќе биде пренасочен по локален пат кон Горно Лисиче, булеварот „12-та Македонска Бригада“, булеварот „Трета Македонска бригада“ и улицата „Народни херои“, информираат од МВР.

Од Министерството апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. 

 

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе