Утре од 18.45 до 20.30 часот посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје поради протест

Утре, петок, 23.07,2021 во периодот од 18.45 до 20.30 часот, поради протестен марш на подрачјето на Скопје ќе има посебен режим на сообраќај, информира МВР.

Почетокот на протестот е најавен од 18.45 часот пред Министерство за надворешни работи, на ул.„Филип Втори Македонски“, па по ул.„11 Октомври“, ул.„Димитрие Чуповски“,  ул.„Васил Главинов“, потоа по бул.„ВМРО“ и бул.„Илинден“ (пред зградата на Владата) до завршување на протестот, најавено за 20.30 часот.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе