МВР информира

Утре ќе има затворени улици во Центар поради богослужбата во Соборниот храм

Поради посетата на делегација на СПЦ на МПЦ-ОА полицијата ќе воведе посебен режим на сообраќај во поширокото централно подрачје на Скопје, а ќе има и затворени улици за сообраќај.

Утре, втроник, поради официјална посета на делегација на Српската православна црква, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, при што за сообраќај ќе бидат затворени булеварот „Партизански одреди" од крстосница со ул. „Аминта Трети" до крстосница со бул. „ВМРО" и ул. „Св.Климент Охридски" од крстосница со бул. „Илинден" до крстосница со ул. „Димитрие Чуповски" во Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници“, се вели во соопштението на МВР.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе