Утре изменет сообраќаен режим во Скопје за „Ден без автомобили“

Утре со почеток од 11.00 часот, во организација на Град Скопје–Сектор за сообраќај, ќе се одржи настан под наслов „Ден без автомобили“ организиран за одбележување на Европската недела на мобилност 2021.

Трасата на движење ќе се одвива од паркот Ибни Пајко-ул.„Филип Втори Македонски“, лево по бул.„Гоце Делчев“, лево по бул.„ВМРО“, десно по бул.„Партизански Одреди“, десно по бул.„8-ми Септември“ и десно по бул.„Илинден“ до Градски парк (школка).

Од 11 часот до завршување на настанот Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе