Утре изменет сообраќаен режим во Скопје

Утре на улицата „1732" (зад Националната фудбалска арена во Градскиот парк) поради однапред најавено снимање во организација на агенцијата за маркетинг „Дивисион" од Скопје, сообраќајот по оваа улица од потегот кај ресторанот „Опатија" до фудбалскиот терен на АРМ ќе биде затворен во период од 6 до 19 часот, а сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните сообраќајници.

„Исто така утре во периодот од 11 до 13 часот, поради спортската манифестацијата - трка со ролери - во организација на ЈУ „Детски културен центар" Карпош од Скопје, со траса на движење од булеварот „Илинден" (пред фонтаната во Градскиот парк) до крстосницата на булеварот „Илинден" со улицата „Никола Тесла" (кај седиштетот на ЈП Паркови и зеленило) во Скопје, оваа делница ќе биде затворена за сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници", се вели во соопштението на МВР од каде апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе