Утре и задутре без струја делови од Центар, Ѓорче Петров, Зелениково , Шуто Оризари и Карпош

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без струја ќе останат делови од општините Центар, Ѓорче Петров, Зелениково и Шуто Оризари.

Од 08:30 до 15:00 часот, повремени прекини во снабдувањето со електрична едергија ќе имаат корисниците од дел од ул. „Козара" во општина Центар, од 09:00 до 11:00 часот и од 12:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од ул. „Лука Геров" во општина Ѓорче Петров, од 09:00 до 13:00 часот, дел од с. Зелениково во близина на општината и од 09:00 до 15:00 часот делови од улиците „Индира Ганди" и „Пелагонија" во општина Шуто Оризари.

Како што информираат од РЦУК Скопје, во вторник без струја од 08:30 до 12:00 часот, ќе биде дел од Волково, поточно објектите во околина на фирмите: Гранит и Водостопанство – Вардар во општина Ѓорче Петров.

Од 09:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Исаија Маџоски" згради со бр: 29, 32, 34, 36 и 38, како и Детска градинка – Росица во општина Ѓорче Петров, од 09:00 до 12:00 часот ул. „Борка Талески" бр. 26 во општина Центар, од 09:00 до 15:00 часот дел од корисниците од ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов" во близина на објектите со броеви 72 и 74 ) и делови од улиците „Њуделхиска", „Анкарска" и „Атинска" во општина Карпош, од 10:30 до 11:30 часот дел од ул. „Веле Марков" во општина Ѓорче Петров,  од 12:00 до 13:00 часот ул. „Стево Филиповиќ" зграда 2 и зграда 4, а од 13:30 до 14:30 часот делови од улиците „Мраморец" и „Белишка" во општина Ѓорче Петров. 

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе