Најава од приватните превозници

Утре делумна блокада, а во понеделник е можна целосна блокада на Скопје

Координативното тело на приватните превозници утре со почеток од 6 часот ќе го блокираат булеварот „Илинден" од семаформите после Влада до „МИ-ДА". Ќе биде блокирана само десната летна од булеварот. Доколку протестот не вроди со решавање на нивните барања, во понеделник ќе биде организирана целосна блокада на главниот град.

„Добивме известување од организаторите на Златно славејче дека утре по три години повторно ќе се одржи фестивалот и ќе има посетители и од другите градови. Не замолија, протестот да го одложиме или нешто друго да се направи со цел тие да стигнат и да бидат присутни. Тоа е емпатија на којашто не можеме да останеме рамнодушни. Пренесов и одредени сугестии од граѓани кои посочија протестите да се одржат пред Град Скопје, бидејќи не мора сите граѓани да го трпат ова“, изјави денеска директорот на „Слобода превоз" Ленин Јовановски.

Доколку утрешната блокада нема исход, директорот на „Слобода превоз" најави дека в понеделник, почнувајќи од 6 часот главниот град ќе биде целосно блокиран.

„Ова е најава од приватните превозници дека можеби уште повеќе ќе се засилат и радикализираат протестите. Нервозата расте, загрижени се, ги следат изјавите и состојбата е многу напната, затоа апелираме до сите институции, дури и државните, да се вклучат како медијатори во решавање на овој проблем, со цел оваа ситуација да не ескалира“, истакна Јовановски.

Ако градоначалничката се грижи за јавниот интерес, Јовановски вели дека во интерес на тоа ќе седнат заедно на маса и ќе изнајдат соодветно решение за излез од оваа криза.

„Бројот на автобуси на приватните превозници е толку мал што ЈСП лесно може да се соочи и да го покрие тој вакуум. Вкупниот број на возила на 'Слобода превоз' што добиле изводи од лиценца да вршат превоз, е 131. Од она што го знам од 'Мак-експрес' е дека таму има 77 автобуси, што значи дека се вкупно 208 автобуси кои вршат превоз во Град Скопје“, информира Јовановски.

Презентирајќи документите, Јовановски ја демантираше изјавата на директорот на ЈСП оти долгот не постои.

„Дека не е така покажуваат сметководствените картички, аналитичката картичка на ЈСП која ја имаме добиено вчера на 30.11.2022 година во 10:53 часот. Состојбата што стои кај нив укажува дека има долг од 61.812.593 денари. Долгот е неспорен зашто добивме денеска известување за извршување на платен налог каде го бараме тој долг. Овој долг се однесува за половина од август, цел септември и цел октомври. Долгот со доаѓањето на Данела Арсовска за градоначалник изнесува вкупно 19.811.516 денари, а сега е зголемен повеќе за три пати односно 300 проценти“, соопшти директорот на „Слобода превоз":

Вели дека овој долг не може да биде спорен бидејќи ниту „Слобода превоз", ниту „Мак-експрес" сами не ги изготвуваат фактурите, туку на претходно изработен табеларен извештај со сите податоци во него, бројот на километри, цената по километар, тоа го работи нивниот контролен центар и таа табела и извештај оди на верификација во Град Скопје.

„Зошто се зголемува долгот во континуитет е тоа што директорот на ЈСП, како претходниот, така и овој, од јануари е престаната праксата да се исплаќаат аванси кои се обврска на директорот да ги прави и дава бидејќи така е регулирано во договорот. Задолжен е да врши неделни авансни уплати“, рече Јовановски.

Тој го отфрли обвинувањето од градоначалничката Данела Арсовска дека во изминатите години приватните превозници не пријавиле ниту еден продаден билет во приватните автобуси.

„Тоа што го изнесе градоначалничката на прес-конференција, можеме да потврдиме дека во опишаниот период, ниту сме задолжувале карти, ниту приватните превозници во своите автобуси ги продавале картите. Целиот тој процес од изработка, цена, набавка, дистрибуција и приход по секој основ од тие билети завршуваат и ги прави ЈСП. Ако тие пари завршуваат на друго место, тоа ќе треба тие да кажат“, вели Јовановски.

Причината за непродавање на билети во приватните автобуси, тој вели дека е поради нефункционалноста на фискалните апарати.

„Фискалните апарати не функционираат ниту во 'Слобода превоз' ниту во 'Мак-експрес', а ниту во ЈСП, но не по наша вина, туку по вина на тој што ги набавил. Нивните барања да продолжиме да продаваме билети без фискални сметки се постојани. Каков интерес имал некој од тоа, мене не ми е јасно. Тоа барање траеше во континуитет и беше одбивано во континуитет од моја страна со причина“, истакна директорот на „Слобода превоз".

Вели дека нема да продаваат билети бидејќи не работат фискалните принтери и постојано ги носат на поправка. За да се ослободи ЈСП од тој товар, Јовановски вели дека на 6 декември 2018 година биле информирани преку допис што гласи:

„Доколку се појави каков било дефект со фискалните принтери вие сте должни дефектот да го пријавите како што го правевме тоа досега, но возачите не треба да го вадат принтерот од возилото или да дојдат со возилото на претходно место за сервисирање. Во преостанатиот период возилата коишто имаат проблем со фискалните принтери ќе бидат само евидентирани од страна на ЈСП и тоа ќе биде се до оној момент кога ќе се направи договор со овластениот сервисер, а кога ќе се постигне договор ќе бидете информирани".

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе