Утре дел од „Партизанска“ блокирана, пренасочување на автобусите на ЈСП

Oд утре, сабота, од 6 часот, па до недела (2 jуни) поради градежни активности, целосно затворен за сообраќај ќе биде булевар „Партизански одреди" и тоа од вкрстувањето со улица „Бледски договор" (после Поликлиника Букурешт) до вкрстувањето со улиците „Љубљанска" и „Московска" (ТЦ Сити мол). Автобусите од јавниот превоз што сообраќаат во тој дел ќе бидат пренасочени. При времениот, изменет режим на сообраќање, автобусите ќе ги користат постоечките постојки на трасите.

Времено по изменети траси од вообичаените ќе сообраќаат:

Линиите: 2, 2А, 4, 12, 21, 22, 22А, 24

*Во правец од Центар према Карпош ќе бидат пренасочени од булевар „Партизански одреди“, по улица „Бледски договор“ (Болница 8 Септември), булевар „Илинден“, улица „Љубљанска“ (Терминал Карпош 4), булевар „Партизански одреди“ и секој по своја траса.

*Во обратен правец по истата траса.

Линиите: 32, 56, 56А, 11, 11А, 60, 64А

*Во правец према Ѓорче Петров ќе бидат пренасочени од булевар „Партизански одреди“ по булевар „8 Септември“, булевар „Илинден“, улица „Љубљанска“ (Терминал Карпош 4), булевар „Партизански одреди“ и секој по своја траса.

*Во обратен правец по истата траса.

Линиите 4А и 28 во Тафталиџе ќе го користат терминалот од линија 24 како почетна/крајна постојка.

Линиите: 7, 15, 15А, 19 и 59

*Во правец према Карпош ќе бидат пренасочени од булевар „Партизански одреди“, по улица „Бледски договор“ (Болница 8 Септември), булевар „Илинден“, улица „Никола Парапунов“ (Стара телевизија), лево на булевар „Партизански одреди“ и пред ТЦ Сити мол, лево на улица „Љубљанска“, при што Терминалот  Карпош 4 ќе го користат како крајна и почетна станица.

*Во обратната насока ќе тргнуваат од  Терминалот Карпош 4 и секој ќе се движи по својата вообичаена траса.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе