Утре без вода делови од Карпош и Кисела Вода

Прекин во водоснабдувањето утре од 8 часот ќе имаат корисниците од улица „Прашка" во општина Карпош, поради изведување водоводен приклучок Ф-100 мм на оваа улица во населба Тафталиџе.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека утре од 7.30 часот без вода ќе бидат и корисниците од улиците „Виктор Иго", „Дренак", „Невена Георгиева Дуња" и „Драга Стојановска" во  општина Кисела Вода, исто така поради изведување  водоводен приклучок ф-100мм на ул.„Виктор Иго" 51.

Прекините во водоснабдувањето ќе траат до завршување на зафатите. 

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе