Утре без струја неколку улици во Кисела Вода, Гази Баба и Центар

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Кисела Вода, Гази Баба и Центар.

Како што соопшти РЦУК-Скопје по известување од ЕВН, од 09:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. Саса во населба Пинтија, во Oпштина Кисела Вода, од 09:00 до 14:30 часот, корисниците од долниот дел од село Брњарци, во Општина Гази Баба, а од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од улица Рилски Конгрес во Општина Центар.

По известување пак, од ЈП Водовод и канализација – Скопје, РЦУК – Скопје информира дека од утре до 13 март етапно ќе се врши чистење, дезинфекција и испирање на двете комори во резервоарот за питка вода – Драчево.

Во посочениот период од 08:00 часот до завршување со активностите ќе бидат можни кратки прекини на водоснабдувањето во нас. Драчево и дел од село Долно Лисиче.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе