Утре без струја неколку скопски села и делови од Кисела Вода, Бутел и Центар

Дел од корисниците од улиците „Жил Верн" и „Балканска" во Општина Кисела Вода утре од 9:00 до 14:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од село Горно Количани и делот од село Батинци кај улицата „1“ и местото Ќупријан, од 8:30 до 9:30 часот дел од корисниците од улицата „Радишанска“, „Рептил Маркет“ бр.8 Радишани, „Кам Маркет“, „Ресторан Александра“ и „Окта“ во Општина Бутел.

Во периодот од 8:30 до 11:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците улицата „8-ма Ударна бригада“ и објектите со број 23 и 25 на улицата „Димитрие Чуповски“ во Општина Центар, а од 9:00 до 14:00 часот корисниците на дел од улицата „33“ во село Волково.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе