Во општина Аеродром од 08.30 до 12.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од делови од улиците Петар Ацев, Анастас Митрев, Иван Горан Ковачиќ и улиците што се во нивна непосредна близина, а од 11.00 до 15.30 часот, корисниците од булевар Видое Смилевски Бато, делот позади Боксер.
Без струја во општина Ѓорче Петров од 09.00 до 13.30 часот, ќе бидат корисниците од ул.Алекса Демниевски ул.23 и околните улички, а од 09.00 до 12,00 часот, потрошувачите од ул. 59 с. Волково.
Од 09.00 до 12,30 часот, без струја ќе бидат и корисниците од дел од ул.Козле кај Макпетрол кај бр.93 , а од 12.00 до 14.30 часот, корисниците од дел од потрошувачите во с.Бардовци кај зградите на Машинац во општина Карпош.