Утре без струја делови од неколку скопски општини

Заради планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа во Град Скопје утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Центар, Шуто Оризари, Карпош, Чучер Сандево, Бутел и Кисела Вода.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Прохор Пчински“ и околните подулици во општина Центар, а во периодот од 09:00 до 14:00 часот корисниците од дел од ул. „Индира Ганди“ како и објектите околу пазарот во општина Шуто Оризари.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија во периодот од 09:00 до 13:00 часот ќе имаат корисниците од ул.„Сливовска“ згр. бр. 3 и бр. 5, во општина Карпош, во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците од Караула Рамно, Хидроцентрала Хидроинвест, сeло Мирковци, село Горњани, село Чучер и село Бањани во општина Чучер Сандево, а во периодот од 08:30 до 14:00 часот корисниците од дел од село Горно Оризари во општина Бутел.

Без струја во периодот од 09:00 до 14:00 часот корисниците од Канепе Мебел, бул.„Борис Трајковски“ бр. 60 и објектите во близина, сите во општина Кисела Вода.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе