Утре без струја делови од неколку скопски општини

Заради планирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром, Кисела Вода и Сопиште

Во периодот од 08:00 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Радишанска" во близина на река Серава, улиците „46", „48", „50", „52" и околината, патот за село Љубанци и околината на игралиштето Радишани во општина Бутел.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија во периодот од 09:00 до 14:00 часот ќе имаат корисниците од дел од улиците „20" и „22" во село Волково, општина Ѓорче Петров, а во периодот од 08:30 до 15:00 часот корисниците од малите броеви на подулиците од „1" до „30" на дел од улицата „Тодор Чангов" во населба Лисиче во општина Аеродром.

Без струја во периодот од 09:00 до 11:30 часот корисниците од дел од ул. „Марко Цепенко" во општина Кисела Вода, во периодот од 09:30 до 13:30 часот корисниците од дел од село Патишка Река и викендиците во Патишка Река и фирмата ПЦЦ Хидро ДООЕЛ Скопје во општина Сопиште. 

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе