Заради технички зафати

Утре без струја делови од четири скопски општини

Заради планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Центар, Аеродром, Ѓорче Петров и Кисела Вода.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Скупи" 3 А (позади Олимпико, општина Центар, во периодот од 11:30 до 13:30 часот корисниците од ул. „Ѓорги Капчев" подулица 1, општина Аеродром, а во периодот од 09:00 до 14:00 часот корисниците од дел од улица „ 52" во Стопански Двор, општина Ѓорче Петров.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија од 13:30 до 15:30 часот ќе имат корисниците од улицата „Првомајска„ подулица 18, во општина Кисела Вода, а од 08:30 до 11:30 часот корисниците од дел од ул. „Тодор Чангов" подулица 52 во општина Аеродром.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе