Утре без струја делови од Центар, Чаир и селата Мирковци и Батинци

Корисниците од зградата од блок 12 на улицата „Васил Главинов" во Општина Центар утре од 12:00 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 10:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Црвена Вода“, а од 8:30 до 11:30 часот корисниците од зграда од блок 20 на улицата „Васил Главинов“ бр. 3 во Општина Центар.

Во периодот од 9:30 до 13:30 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од улицата „Самоилова“ со бр. 8 и бр. 10, поранешната фирма Рубин Кармин и Фондацијата „Центар за исламска цивилизација“ во Општина Чаир, од 9:00 до 14:30 часот корисниците од дел од село Мирковци, а од 9:00 до 15:00 часот дел од корисниците од село Батинци.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе