Утре без струја делови од Аеродром, Карпош, Центар и Студеничани

Без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Аеродром, Карпош, Центар и Студеничани заради технички зафати во дистрибутивната мрежа.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, по претходно известување од ЕВН, од 8:30 до 13:30 часот без струја ќе останат улиците „Лисец" и „Горноврановска" во Општина Аеродром.

Улицата „Скупи" број 5-а во Општина Карпош ќе биде без струја од 9 до 10:30 часот.

Од 9 до 11 часот без електрична енергија ќе биде улицата „Наум Наумовси Борче" број 68 и број 70 во Општина Центар, а од 9 до 12:30 часот дел од корисниците од селото Долно Количани, поточно на влезот од селото под џамијата, во Општина Студеничани.

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе