Утре без струја дел од општините Карпош и Сарај

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без струја ќе останат дел од корисниците од општините Карпош и Сарај.

Како што информираат од РЦУК Скопје, без струја утре од 08:00 до 10:00 часот ќе бидат корисниците од бул. „Партизански одреди" згр. бр. 149 (Порта Влае) во општина Карпош, а од 10:00 до 13:30 часот, дел од с. Кондово во општина Сарај.

Во  четврток, како што информираат од РЦУК Скопје, без струја од 09:00 до 12:00 часот, ќе бидат дел од ул. „Антон Панов" од бр. 53 до бр. 59 во општина Гази Баба,  а од 09:00 до 12:30 часот, дел од с. Арачиново ( во околината на горната џамија ) во општина Арачиново.

Од 10:00 до 13:30 часот во четврток без струја ќе останат корисниците од ул. „Елисие Поповски Марко" од бр. 1 до бр. 29, ул. „Шарски Одреди" од бр. 1 до бр. 7, ул. „Козара" од бр.11 до бр. 26 и ул. „Мајка Тереза" од бр. 12 до бр.20 во општина Центар.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе