Утре без струја дел од Кисела вода, Аеродром, Зелениково и Батинци

Утре без струја ќе останат корисниците на дел од с.Батинци и дел од Општина Кисела Вода, поради планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа во Град Скопје, соопшти РЦУК по добиено известување од „ЕВН Македонија".

Во периодот од 9.00 до 15.00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од с. Батинци, Општина Студеничани.

Корисниците на дел од ул. Драчевска како и дел од ул. Речиште, Општина Кисела Вода, без струја ќе останат од 9.00 до 11.00 часот.

Без снабдување со електрична енергија ќе останат и корисниците на ул. Пандил Шишков бр. 3, Општина Аеродром.

Без струја во периодот од 9.00 до 10.30 часот ќе бидат и корисниците од с.Орешани, с. Таор, викенд населба Јане Сандански, Хајтек и Бујото Орешани, млекара Маско и сите стопански и нестопански објекти во тој потег, цела општина Зелениково со сите села кои припаѓаат на општина Зелениково (Ново Село, Пакошево, Гумалево, Тисовица, Градовци, Добрино, Дејковец, Вражале, Орешани, Таор како и викенд населбата Јане Сандански), во Општина Зелениково.

Во периодот од 9.00 до 10.30 часот без струја ќе бидат и корисниците на селата Студеничани и Морани, дел од с. Драчево кај Типо и Тулана, Бурдем пластик, фабрика Фруктал, Хајтек и Бујото како и млекарата Маско, во Општина Студеничани.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе