Успешно завршена хуманитарната акција „Волшебно велигденско дрво“

Хуманитарната акција „Волшебно велигденско дрво" што се одржа од 12 до 27 април во Рамстор Мол, а беше наменета за корисниците од Дневниот центар за лица со церебрална парализа и Дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години „Пролет", успешно е завршена, информираат организаторите.

Акцијата беше овозможена благодарение на Црвениот крст на Град Скопје и Рамстор Mол во соработка со ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи на Град Скопје. Поддржана е од Комерцијална банка АД Скопје.

„Подароците од хуманитарната акција кои беа собрани со помош на посетителите на Рамстор Мол се предадени на корисниците од Дневниот центар за лица со церебрална парализа и Дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години "Пролет", а со тоа им се исполнија нивните скромни желби и ги дочекаа со насмевки подароците во пресрет на велигденските празници“, се наведува во соопштението на Рамстор Мол.

Организаторите ги поттикнуваат и останатите кои не успееја оваа година да се вклучат во оваа акција, во иднина да бидат дел од настани од ваков карактер, за да се подигне свеста за надминување на предрасудите и стереотипите за лицата со пречки во развојот. 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе