Успешно одржана акција за чистење на кејот на Вардар

Најголемата куповна заедница во Македонија, Кешбек (Cashback World)  поддржана од Гринфинити (Greenfinity) фондацијата на 2 септрември организираше акција за чистење на кејот на Вардар на која повеќе од 70 присутни собраа огромна количина на пластични шишиња, кеси, делови од домашни апарати, пластични лежалки, буриња и останато ѓубре.

Кешбек уорлд (Cashback World) е куповна заедница која во своето дејствување вклучува две фондации и тоа Чајлд енд фемили (Child and Family) и Гринфинити фондацијата.

„Целта на овие настани е да ја подигнеме свеста кај луѓето во нашиот град и во нашата држава, да им дадеме до знаење на сите дека треба да сме совесни за тоа каде го фрламе отпадокот. Не е наша цел да живееме во отпад, туку да егзистираме во убава и здрава околина и да живееме долго како човечки битија. Крајно време е да ја промениме свеста и разбереме дека со нашата немарност, неразмислување и дрскост према самите себе си, самите си ја уништуваме околината во која живееме, а со тоа и нашето здравје. Ние сме едноставно преплавени насекаде околу нас со отпад кој самите си го создаваме и притоа неуспешно го менаџираме. Апелирам до сите граѓани на Македонија да се грижат за својата околина и генерално за околината во која сите живееме! Наша е и треба да ја чуваме, и таква да ја оставиме на нашите деца и поколенија. Имаме насекаде контејнери и канти, ве молам фрлајте како што е предвидено, бидете одговорни, размислете добро што правите, и направете позитивен и значаен придонес за заедно да ја зачуваме животната средина“, изјави Радован Витошевиќ, директор на Кешбек Македонија.

 

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе