Управата за извршување санции бара одговорност за инцидентите во затворот во Шутка

По увидот за инцидентите што се случија во затворот „Скопје" со притворените поранешни министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, кои се осомничени за вмешаност во настаните во Собранието на 27 април 2017, Управата за извршување санкции бара одговорност за сите службени лица кои дозволиле да се случат инцидентите и дава препораки за спречување вакви настани во иднина.

УИС бара да има соодветна одговорност за сите оние службени лица од затворот кои допуштиле вакво сценарио. „Одговорност мора да има, а според нашите сознанија, во КПУ затвор Скопје веќе се почнати постапки на поведување дисциплинска одговорност. Дадени се препораки и за дополнително зголемување на безбедноста на затворот, со тоа што отсега секоја просторија за престој ќе биде сама на шеталиштето со дополнително присуство на службено лице“, се вели во соопштението од Управата за извршување санкции.

 Од УИС напоменуваат дека во Извештајот на КПУ затвор – Скопје, како и записникот на УИС се опишани безбедносните процедури на затворот кои не може да се споделат јавно поради опасност од безбедносен ризик, како и елементи кои може да бидат дел од натамошна постапка од други државни органи, поради кои извештајот од КПУ затвор – Скопје, односно записникот на УИС, не може да бидат интегрално пренесени во јавноста.

Управата за извршување на санкциите обезбедила целосна документација: службени белешки, изјави од службени лица од КПУ затвор Скопје и припадници на затворската полиција, медицински известувања и снимки од камерите во ходниците и шеталиштата каде што се случиле инцидентите, а бил извршен и разговор со директорот на КПУ затвор Скопје.

Службените лица од УИС не извршиле разговор со притворените лица поради фактот што тие се наоѓаат на издржување на мерката притвор, а согласно член 180 од Законот за кривична постапка, надзор над притворениците врши претседателот на надлежниот првостепен суд.

Службените лица информирале дека притворените лица биле примени на издржување на мерката притвор на 20 февруари во 22 часот, по што биле сместени во притворските простории.

„Согласно проценката на сите параметри кои се однесуваат на ризикот при сместувањето на лицата во притворот, заповедникот заклучил дека овие притворени лица нема да имаат никакви проблеми во просториите во кои се сместени. Претходно, притворениот М.Ј. бил сместен во просторија која на шеталиштето се среќавала со просторија во која престојувало едно лице осудено во кривичниот предмет „Диво Насеље“ и во текот на претходно изречениот притвор, немало никаков проблем во текот на нивните средби“, се вели во соопштението.

Првиот настан се случил околу 11 часот, а инволвираните во инцидентот биле спречени и разделени и од другите притвореници и од страна на затворската полиција. Лицето С.Р. побарало средба со својот адвокат и одбило да биде однесено на преглед во болница.

Во 14,12 часот се случува вториот инцидент, но овој пат останатите притвореници не реагирале и не помогнале да прекине инцидентот, туку стоеле настрана. Инцидентот бил веднаш прекинат од страна на затворската полиција. За овој настан има изјави од инволвираните кои имаат спротивставени тврдења за тоа кој го започнал вербалниот инцидент.

По завршувањето на настаните, директорот на УИС доставил препораки до директорот на затворот кој во моментот е во оставка што ќе биде констатирана по завршувањето на претседателските избори, односно во моментот кога ќе може да биде назначен нов директор.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе