Град Скопје

Унивезална сала нема да се урива, ќе се реконструира

Универзална сала ќе се реконструира во сегашниот облик и големина, а средствата за таа намена треба да се добијат од претстојниот ребаланс на Буџетот, изјави вчера градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

„Имајќи предвид дека стручната фела се изјасни дека на локацијата на Универзалната сала не е возможно да се изгради објект со поголеми димензии, мојата желба беше да се реконструира Универзалната сала во постојаниот габарит, а да изградиме нова концертна сала на друга локација“, најави тој.

Владата ќе издвои 2 милиона евра со ребалансот на државниот Буџет кои ќе бидат префрлени на посебна наменска сметка на Град Скопје.

„Во меѓувреме, ние вршиме проценки и пресметки за веднаш штом ќе ги добиеме средствата да може да ги започнеме постапките за јавни набавки и што е можно побргу да почне реконструкцијата на Универзалната сала. Јас се надевам дека сите постапки ќе се одвиваат брзо за на почетокот на следната концерта сезона, по 6 години, Универзалната сала повторно да биде отворена“, рече тој.

Досега се одржале повеќе средби со Министерството за култура околу плановите за изградба на нова, поголема концертна сала која би ги задоволила потребите на градот, рече Шилегов.

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе