„Со голема тага и болка ве известуваме дека вчера ненадејно не напушти нашиот Тобого. Денеска беше направена обдукција при што не беа констатирани физички повреди и во наредните денови ги очекуваме целосните резултати. Жирафата Тобого заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на скопската зоолошка. Тој беше миленик на вработените и на посетителите. Роден беше во Франкфурт на 09.12 2010 година, а жител на Скопје Зоо беше од 05.11 2013 година. Сите сме неизмерно тажни и со скршени срца поради неговото заминување . Трчај во небесната савана Тобого, многу ќе ни недостасуваш на сите, но ќе останеш засекогаш запаметен“, напишаа на официјалната страница на Фејзбук од Зоолошката градина во Скопје.
- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 72НОВИ / 24h
- 1 од 12
- следно ›
- Контакт