Дел од акцискиот план за Зелен град

Улица за луѓе - ден без автомобили во Аеродром

Голем број граѓани денеска ги оставија автомобилите и учествуваа на Денот без автомобили, што под мотото „Улици за луѓе" се одржа на улицата „Васко Карангелески“ во Аеродром. Оваа улица денеска e затворена за автомобилски сообраќај вкупно 12 часа, во периодот од 8 до 20 часот на потегот од булеварот „Јане Сандански“ до крстосницата со улицата „Владимир Комаров“ и на неа се одржаа различни културни активности за возрасните, но и за најмладите, а беше подигнат и нов дрворед. 

Во одбележувањето на овој ден се приклучи и градоначалникот Петре Шилегов, кој на настанот пристигна со велосипед.

„Целта на оваа акција е стимулирање на алтернативниот начин на транспорт, алтернативното движење низ урбаните средини и граѓаните да видат дека можеме да живееме без автомобили. Тое е нешто што ние го работиме во изминативе три и пол години, надминавме над 100 километри добро организирани велосипедски патеки, а такво нешто ќе се случува и токму на оваа улица со нејзината реконструкција, која наскоро ќе биде велосипедска спојка за граѓаните од Лисиче со новиот мост,“, рече Шилегов.

Воведувањето на брз автобуски превоз е една од низата мерки што градот ги презема за да ги замениме индивидуалните автомобили како начин на транспорт, со цел да го намалиме сообраќајниот метеж, да ја заштитме животната средина и да ги навикнеме луѓето на здрав начин на живот и да можат од овде од Аеродром побрзо да стасаат со велосипед по безбедна велосипедска инфраструктура, додаде градоначалникот на Скопје.

„Сето ова е во рамките на акцискиот план за Зелен град кој интензивно се спроведува веќе втора година по ред и можеме да видиме дека дава резултати и во намалувањето на загаденоста на воздухот“ – рече Шилегов на денешната акција „Улици за луѓе".

Hеформалната група велосипедисти „НаТочак" е долгогодишен партнер на градот во делот на унапредувањето на велосипедските политики.

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе