Улица во Скопје ќе го носи името на градот Подгорица

Во рамки на повеќедневната посета на збратимениот град Подгорица, Шилегов се сретна со градоначалникот Иван Вуковиќ. На средбата градоначалниците дискутираа за досегашната соработка меѓу двата збратимени града, како и областите каде што може да се продлабочи истата.

Градот Скопје и Градот Подгорица се збратимени од 2008 година и двата града соработуваат и разменуваат позитивни искуства, особено за прашања од комуналната сфера и градските проблеми. Градоначалниците како области во кои може да се интензивира соработката ги издвоија спортот, образованието, културата и туризмот.

Градоначалникот Шилегов на средбата најави дека во наредниот период Град Скопје ќе донесе одлука со која една од градските улици ќе го носи името Подгоричка.

Минатата година градоначалникот на Подгорица, Иван Вуковиќ, го посети Скопје и присуствуваше на манифестацијата за одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе