Угаснат пожар кој зафати барака во скопската населба Мичурин

Пожар попладнево избувна во барака во скопската населба Мичурин кој е изгасната со интервенција со три пожарникарски возила.

Ѕвонко Томевски, командир во Бригадата за противпожарна заштита информира дека од пожарот бил зафатен внатрешниот дел од бараката и покривот, а во неговото гаснење интервенирале осум пожарникари со три противпожарни возила.

„Пожарот за брзо време беше ставен под контрола и е целосно изгаснат. Повредени лица нема“, информира Томевски.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе