Учениците од ООУ „Рајко Жинзифов” во Драчево добија нова спортска сала

Нова училишна спортска сала денеска беше отворена во состав на Основното општинско училиште „Рајко Жинзифов" во населбата Драчево во општина Кисела Вода, на чие отворање присуствуваше министерот за образование и наука Арбер Адеми, како и градоначалникот на општината, Филип Темелковски. 

На отварањето беше потпишан Сертификат за техничка исправност на салата помеѓу градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и претставникот на кинеската компанија  ИППР, Колин Фу, а потоа и Сертификатот за заокружување на проектот помеѓу Амбасадорот на НР Кина, Нејзината Екселенција Јин Лиишејн и Министерот за образование и наука, Арбер Адеми.

Новата фискултурна сала е со површина од 588м2 и се состои од повеќенаменска сала – за одбојка, кошарка, ракомет, гимнастика и помошни простории: гардероба, санитарии со тушеви, просторија за тренер заедно со санитарен дел и магацински простор за реквизити.

На настанот се обрати Амбасадорката на Кина... која упати честитки за успешно реализираниот проект од кој најпрво произлезе нов училиишен објект, а потоа и нова училишна спортска сала, а воедно искажа и благодарност и почит на сите кои дадоа свој придонес за неговата реализација.

Истакна дека оваа година нејзината земја одбележува 70 години државност и дека истовремено со намалување на сиромаштијата и развојот на образованието за својата земја, Кина ги исполнува и своите должности како голема држава – а тоа е да помогне, во рамките на своите можности, на широк круг земји во развој.

„Од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Кина и Република Северна Македонија преку последниве 26 години, пријателската соработка покажува задоволна тенденција на развој. Како земји во развој, Н.Р. Кина и Република Северна Македонија стојат пред предизвици како што се промовирање на економскиот развој, ослободување од сиромаштијата, исто така и развој на образованието. Заради тоа, покрај остварената соработка во сферите на трговијата, изградбата на автопатишта, резервоари, и други инфраструктурни објекти, Кина придава и големо значење на соработката со Северна Македонија во образованието. На пример, освен проектот во Основното училиште Рајко Жинзифов, Кина финансира и во имплементирањето на интерактивен едукативен систем за далечинско образование за 27 училишта во Скопје. Исто така, Кина дава финансиска помош на Северна Македонија преку обуки, коишто се спроведуваат секоја година. Кинеската страна се надева дека со овие напори ќе придонесе за развојот на образованието на Северната Македонија и е уверена, дека билатералната соработка во таа сфера ќе биде уште подлабока и успешна.Кинезите често кажуваат, дека образованието го определува развојот на земјата, и дека добро образованите млади луѓе ќе помогнат државата да стане посилна. Ја користам оваа прилика да изразам највисока почит на вредните учители од Рајко Жинзифов и искрено им посакувам на учениците, да постигнат нови и континуирани успеси и да ги вложат своите напори за потребите на земјата, и да дадат свој придонес во нејзинот развој и просперитет“ истакна амбасадороката Лиишјен.

„Овој настан е уште една голема потврда за долгогодишната успешна соработка што ја имаме со НР Кина. Сакам да упатам голема благодарност до амбасадорката Јин Лиишјен за помошта и поддршката во насока на подобрување на инфраструкурните образовни услови, но и за целата останата поддршка, бидејќи инвестицијата во Општина Кисела Вода не е единствената. Во областа на образованието имало и други досега реализирани проекти, а веќе се планирани и следни. Сорботката и со Владата и со Кина и со други странски партнери во насока на подобрување на квалитетот на образовниот процес преку подобрување на условите се покажува како успешна. А за успесите резултатите сами говорат. Затоа уште еднаш сакам да ви честитам на сите вас, на крајните корисници, учениците и наставниците и секако сум убеден дека овој проект ќе влијае врз резултатите, така што очекувам од оваа спортска сала да произлезат врвни спортисти, врвни репрезентативци со чии резултати ќе се гордееме како општество, но ќе се гордеат и нашите пријатели од Кина“ стакна министерот за образование и наука, Арбер Адеми.

„ 650 ученици од ОУ Рајко Жинзифов, учебната година ќе ја започнат со нова фискултурна сала, со што веќе и часовите по физичко воспитување ќе се одвиваат во современи услови. Ако сакат успех, ако го посакуваат врвот, талентираните спортисти својата дарба мора да ја развиваат уште од најмали нозе. Ние, како ппштина сме должни да им обезбедиме погодни услови најпрво тој талент да биде препознаен, а потоа развиван и стимулиран. Ќе бидам среќен ако еден ден, од ова училиште излезе некое големо име во спортот на кој ќе се гордее целата држава. Дека развивањето на спортскиот дух кај младите е еден од врвните приоритети на Општина Кисела Вода, говори и фактот што секоја година најталентираните спортисти од основните училишта од овој дел на градот, од нас добиваат парична награда, а финансиска поддршка добиваат и спортските клубови, здруженија и спортските манифестации. Во континуитет работиме и на подобрување на спортската инфраструктура, ги реновираме и ги подобруваме условите во училишните спортски сали. За среќа, кога има потреба од поголем финансиски зафат, каков што беше изградбата на спортската сала во ОУ Рајко Жинзифов, ја имаме поддршката од централната власт, од разни институции, компании, и од други земји кои го делат со нас истиот систем на вредности. Знаат што е важно и за што вреди да се помогне.“заокружи градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски.

Инаку, како дел од овој голем проект училиштето Рајко Жинзифов беше изградено од темел и пуштено во употреба во 2014 година. Во училиштето во моментов настава посетуваат 650 ученици.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе