Убиецот на кучето Идриз уплати 60.000 денари на сметката на Анима Мунди

Здружението на заштита на животни „Анима Мунди" објави дека Симо Христовски Липски, кој во април брутално уби куче со секира, својата парична казна одредена од Обвинителството ја уплатил на нивната сметка.

„Ова е исходот од Кривичната пријава која ја поднесовме против Симо Христовски Липски кој зверски го уби бездомното куче Идриз. Липски е кривично казнет парично во износ од 60 000 денари кои Обвинителството го обврзало да ги уплати за хуманитарни цели на сметка на Анима Мунди , а со цел укажување на помош на животни. Исходот е таков бидејќи Липски признал вина, искажал каење, никогаш претходно не бил осудуван и извршил уплата по налог на ОЈО оваа е казната со која доби олеснувања во кривичната постапка“, соопштија денес од „Анима Мунди“ .

„Нас оваа казна и овие средства не не радуваат и сакавме да го видиме Липски во затвор, но исто сме свесни дека обвинителот ангажиран на овој случај сторил се што можел, искористил и дискреционо право да наместо во Буџетот на РМ средствата бидат наменети во хуманитарни цели, за животните“, истакнуваат оттаму.

Овие средства, потенцираат од Здружението,  за нас се фонд на Идриз кои но ќе бидат искористени за итни случаи во негово име, а сликите и итните случаи ќе бидат одбрани јавно. Идриз да спаси други, зошто Идриз не можевме да го спасиме. Можеби судот завршил со Липски но ние не. Липски ќе биде за секогаш обележан како убиец, кој пред се е казнет со осудата на целата македонска јавност, кој успеавме да го казниме финансиски со вкупен износ од 1.800 евра, кривично и по Законот за заштита и благосостојба на животните.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе