МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

Tруење во сендвичарницата „Седмица“ во Карпош, 12 лица во болница

Министерството за здравство информира дека вечерва 12 лица биле хоспитализирани со симптоми на труење со храна. Сите јаделе сендвичи со плескавици и пилешко месо во скопската сендвичарница „Седмица" во Карпош. Од Министерството за здравство велат дека е извршен инспекциски надзор, а објектот е затворен.

Инспекторите утврдиле дека општата санитарно-хигиенска состојба во објектот е добра и дека во него не се врши подготовка на храна, туку се спрема во друга работилница. Сите вработени лица имале уредно заверени санитарни книшки.

Од сендвичарницата биле земени примероци од вработените и брисеви од работни површини и мостри од храна.

Сите 12 лица имале стомачни тегоби, дијареа, гадење, повраќање и висока температура.

Инспекторите наредиле и вонредно темелно механичко чистење на просторот, опремата и работните површини, вонредна дезинфекција, дезинсекција и дератизација и дополнителен реглед на вработените. 

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе