MИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

Тројка новороденчиња починаа на Клиниката за гинекологија во Скопје

Три новороденчиња починаа на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Според официјалното соопштение од Министерството за здравство, пациентка И.М била хоспитализирана на 21 август на Клиниката за гинекологија и акушерство заради болки во абдоменот. Истиот ден била породена со царски рез во 27-та недела со тројка, по претходно прснат воденик и пролабирана (испадната) папочна врвца и со цел да не биде прекинат доводот на кислород, веднаш било извршено породувањето.

„Новороденчињата се прифатени од педијатар и акушерка во операциска сала, а спроведена е и примарна реанимација со аспирација, вентилација со маска и амбу и термостабилизација и во инкубатор сите три биле транспортирани на одделението за интензивна неонатална нега и терапија.

Со семејството во неколку наврати од страна на персоналот на Клиниката било разговарано со цел да им се објасни состојбата на новороденчињата, третманот и можните шанси за преживување и веќе следниот ден е констатирана смрт на сите три“.

Министерството за здравство веднаш по добивање на информациите формираше комисија за стручен надзор која детално ќе го испита случајот, со цел да утврди дали во целокупниот третман на родилката и новороденчињата е постапено согласно протоколите и медицината базирана на докази. Истовремено комисија е формирана и од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе