Наша негрижа

Тријазична табла се заканува да повреди некого

Патоказната сообраќајна табла над семафорите се заканува да падне и да повреди некого. Пешаците и патниците во возилата се во опасност доколку таа не издржи до доаѓањето на екипите за интервенции. Може да се претпостави дека таа табла при паѓањето би била опасна како остар нож бидејќи е метална, а покрај тоа има и своја тежина. Како што може да се забележи, станува збор за тријазична табла, која била поставена врз претходната двојазична, а која покажува во кој правец да се продолжи патувањето за да се пристигне во Софија.

Во брзањето да се исполнат некои законски одредби, таблата се чини не била поставена безбедно. Дали требало при нејзиното поставување да се извади претходната, за безбедно да се постави новата, не би можеле да кажеме. Би требало да има стручни лица што го знаат одговорот на тоа прашање, како и во секоја работа.

А додека да се сетат надлежните можеме само да им препорачаме на граѓаните: внимавајте! Животот ви е во опасност! 

Станува збор за крстосницата кај Судскиот комплекс - Мавровка - УКИМ.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе