Сеќавање

Три години од поплавите во Скопско во кои загинаа 22 лица

Денес се навршуваат три години од невремето што предизвика поплави во кои загинаа 22 лица. Попладнето на 6 август 2016, Скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Во една од репортажите кои ги направивме посетувајќи ги поплавените места, жителите ни раскажаа дека и најситната капка дожд ги плаши да не се повторат страшните поплави. 

Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново.

Во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало над 800 громови.

Невремето и поројот од вода предизвика пад на дрвја, а домовите останаа без електрична енергија. Околу илјада граѓани беа евакуирани во текот на ноќта на 6 август.

„Своевиден метеоролошки феномен кој опстојувал неколку часа со континуирано регенерирање и формирање олујни жаришта, иако според патеката на движење прогнозата покажувала дека треба да помине во краток рок. Рекордниот интензитет на невремето што ја зафати Скопската котлина е со веројатност на појавување од 0,1 отсто или еднаш во илјада години". Вака УХМР го објасни тогаш невремето што ја погоди Скопската котлина.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе