Три дена ќе се собира кабаст отпад во Аеродром

Почнувајќи од утре, петок, 10 јули, па во наредните три дена, на територијата на општина Аеродром ќе се собира кабаст отпад, информираат од Општината.

Контејнери за собирање кабаст отпад ќе бидат поставени на три локации:

  1. на бул. „Февруарски поход“во близина на супермаркетот „Рамстор“
  2. во Ново Лисиче на бул. АСНОМ меѓу бр. 42 и 44
  3. кај стара Стела во Аеродром.

Граѓаните ќе можат да го оставаат својот стар мебел и отпад од електронска и електрична опрема во поставените контејнери, но не и градежен шут.

Во наредниот период ќе бидат поставени контејнери и на други локации низ Аеродром, така што оваа акција ќе се одвива подолг период.

Од Општината потсетуваат дека фрлањето на кабастиот отпад на јавна површина надвор од најавените акции за собирање е казниво со закон.

 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе