Реакција

Трајановски до Шилегов: Имавте готов проект за Универзална сала, но ниту тоа не го реализиравте

Поразително е што не може да се реализира едно од најкрупните изборни ветувањата на актуелниот градоначалник, вели поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски по вчерашната најава за почеток на реконструкцијата на Универзалната сала.

Трајановски вели дека му оставил на неговиот наследник готов проект со кој покрај реконструкција, била предвидена и надградба, проширување на капацитетите на салата, нови содржини и изградба на подземен паркинг простор.

„За жал и толку Шилегов не е способен да реализира. Секоја година излегуваа на помпезни прес-конференции, заедно со тогашниот министер за култура Алаѓозовски, дека кај и да е ќе почнат со реализација. Во нивната неспособност да го сработат ветеното кон скопјани, минатата 2020 година им текна да ја рушат Универзалната сала за да направеле, парк па откако цела јавност скокна се повлекоа од идејата и рекоа дека ќе ја реконструираат“, пишува Трајановски на својот профил на Фејсбук.