Трајанов: Неважечките лични исправи ќе се пријавуваат на шалтерите на МВР и ФЗОМ

Изгубените лични карти, возачки и сообраќајни дозволи, пасоши и здравствени карички од наредната година ќе можат да се објавуваат за неважечки на шалтерите на МВР и во подрачните единици на Фондот за здравство, наместо како досега на шалтерите на службен весник.

Тони Трајанов

„Сакаме да го промениме целиот пат на објава на документите, така што, граѓаните ќе можат да го пријават губењето на документот на шалтерите на МВР кое ги издава овие документи. Таму во истиот момент на граѓанинот ќе му биде дадено бројчето на изгубениот документ и ќе пополни документ за да може да се изврши објавата. Оттаму по електронски пат ќе го пратат до нас за да го објавиме во службеното гласило. Тоа е уште поголемо скратување на процедурата и олеснување за сите граѓани, особено за оние кои живеат надвор од Скопје“, изјави за МИА Тони Трајанов, директор на Службениот весник на Република Македонија.

Тој вели дека истата процедурата ќе важи и за шалтерите на Фондот за здравствено осигурување.

„Статистичките податоци покажуваат дека најмногу се губат лични карти. Само од почетокот на годинава досега се изгубени 15.735 лични карти, односно се извршени толку објави во Службениот весник. За истиот период се изгубени 2.377 пасоши, 1.838 дипломи, околу 2.000 здравствени легитимации, 5.000 возачки дозволи и 3.028 сообраќајни. За само еден месец во октомври се изгубени и објавени 509 картички со тенденција на зголемување на бројот. Податоците покажуваат дека како неважечки годишно се објавуваат околу 30 илјади возачки и сообраќајни дозволи, лични карти и пасоши“, изјавува директорот на Службен весник.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе