„По повод претстојниот православен христијански празник Св. Василиј или познат кај нас како Василица, поради пандемијата Ковид 19 претседателот Георги Гаштаров и организацискиот одбор на традиционалната Мичуринска средба донесе одлука да не се организира пречекот на Стара Нова година“, соопштија од одборот, додавајќи дека традицијата ќе ја продолжат со хуманитарна акција.
Целта на хуманитарната акција е задржувањето на традицијата на „Мичуринската средба", која ќе продолжи и понатаму со годините кои се пред нас, велат од одборот..
Тие информираат дека нивната програма ќе почни со литургија утре напладне во црквата „Пресвета Богородица" со почеток од 12 часот.
Оваа година Мичуринската средба требаше да се одржи по 25-ти пат.