Демант

TE-TO: Обвинителството уште лани во декември ја отфрли кривичната пријава за која зборува министерот Чулев

Во целост ги демантираме наводите на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев искажани на вчерашната конференција за медиуми. Целосната документација која е доставена до сите надлежни институции докажува дека ТЕ-ТО АД работи согласно закон и ниту еден законски пропис не е прекршен. Еднострано прикажаните информации од Топлификација АД пред МВР не докажуваат дека во ТЕ-ТО АД има криминал, туку токму напротив - тоа се лаги и манипулации со цел постигнување на незаконски интереси на менаџментот на Топлификација АД, се вели во демантот на компанијата ТЕ-ТО.

„Кривичната пријава дека ТЕ-ТО АД перело пари е отфрлена од Обвинителството за организиран криминал уште во декември 2019 година. Обвинувањето од Топлификација АД за лажен стечај е целосно неиздржано.

Постапката за реорганизација на ТЕ-ТО АД е спроведена целосно согласно законските прописи. Тоа е потврдено со решението на Основен суд Скопје 2 Скопје и решението на Апелацискиот  суд со кои се усвојува планот за реорганизација на компанијата, а во кој процес Топлификација АД ги даде истите забелешки кои ги наведе и во кривичната пријава против ТЕ-ТО АД.

Нагласуваме дека целокупната документација поврзана со стечајот и реорганизација на ТЕ-ТО АД ја анализираа врвни експерти од областа на правото кои изработија правно мислење со кое се потврдува дека ТЕ-ТО АД во целост постапувало согласно закон.

Поради тоа, бараме да се престане со злоупотребата на ТЕ-ТО АД во политички цели во предизборен период и да се остават надлежните институции без притисок да ја завршат својата работа“, демантира ТЕ-ТО.

 

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе