Танц на бои над Скопје

Два натежнати облака истураа дожд утрово врз Скопје. Некаде пред 7 часот сонцето  успеа да ги раздалечи и широко да го отвори синото небо. Илјадниците капки дожд што јуреа кон земјата, сонцето ги потфати, кршејќи си ги зраците низ нив, а тие се фатија во танц и се покажаа пред ранобудните во шаренило од бои. 

Виножитото својот крај го има таму некаде, на Водно - под Водно.

Има разни народни верувања за виножитото. Едното од нив е дека на крајот се наоѓа грне злато.

П.Џ.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе