Два натежнати облака истураа дожд утрово врз Скопје. Некаде пред 7 часот сонцето успеа да ги раздалечи и широко да го отвори синото небо. Илјадниците капки дожд што јуреа кон земјата, сонцето ги потфати, кршејќи си ги зраците низ нив, а тие се фатија во танц и се покажаа пред ранобудните во шаренило од бои.
Виножитото својот крај го има таму некаде, на Водно - под Водно.
Има разни народни верувања за виножитото. Едното од нив е дека на крајот се наоѓа грне злато.
За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.