Наскоро во главниот град

Такси Камео и во Македонија, првото „зелено“ такси во Скопје

Македонија и Скопје се петтата држава и четириесетиот град во кои ќе работи Камео такси компанијата. На македонскиот пазар сопственикот на оваа компанија Владимир Миновски влегува со инвестиција од 2 милиона евра и во старт отвора 250 работни места. Акцентот го става на европски стандарди за квалитет на такси услуги, како и на еколошката компонента, при што oд 2 мај Камео (Cammeo) ќе биде првото „зелено“ такси на улиците на Скопје.

Владимир Миновски

Освојувањето на нови пазари е дел од визијата на Владимир Миновски, сопственик и генерален директор на Такси Камео. Планот е овој регионален такси-лидер во догледно време да ја заземе водечката позиција на такси картата на Европа.

Владимир Миновски, успешен бизнисмен и визионер во доменот на такси превозот, е инволвиран во развојот на компанијата од самите почетоци во Риека во 2006-та година. Во следните 14 години ги помина сите фази во развојот и растот на овој такси гигант, а последните 6 години е ангажиран како генерален директор.

Како што самиот постојано повторува, за успехот во еден дел е заслужна и неговата спортска кариера. Имено, тој 6 години професионално се занимаваше со кошарка, а токму навиките со кои се стекна низ спортот, како што се дисциплината, тимскиот дух и посветеноста, му помогнаа во работата, а му помагаат и денес.

Конкретно, Миновски тврди дека е лесно да се повлече паралела помеѓу бизнисот и спортот. И едното и другото бараат добра подготовка, квалитетни играчи, тактика, добар тренер и желба за победа, а кога сите тие елементи ќе се состават, нема да недостигаат ниту поени, ниту успеси.

Македонските градови, а пред сѐ Скопје во однос на квалитетот на воздухот редовно се на листата најзагадени во светот. Меѓу главните причинители на аерозагадувањето се посочени возилата и транспортот, пред сѐ заради застарениот возен парк со високо ниво на издувни гасови. Што ќе понуди компанијата Камео на македонскиот пазар, за да придонесе во заштитата на воздухот и генерално во намалување на загадувањето?

- Камео како водечки такси превозник во овој дел од Европа, од 2006-та година континуирано поставува високи стандарди во секој аспект на своето работење, па така и од аспект на еколошката свесност и заштита на животната средина.

Во таа насока, токму Камео ќе биде првото и единствено „зелено“, односно еколошко такси на улиците на Скопје. Имено, на ниво на цела Камео групација, покрај тоа што сите наши возила се нови, исто така истите возат на плин (ЛПГ) кој е еколошки прифатлив. Кога е во прашање македонскиот пазар, такси возилата на Камео ќе возат на енергетски многу поефикасниот гас метан (CNG), кој, по електричната енергија е еколошки најприфатливо погонско гориво. Со оглед на тоа што Скопје спаѓа во редот на најзагадените градови, Камео порачува дека токму неговите „зелени“ такси возила ќе придонесат како во подобрување на квалитетот на воздухот, така и во квалитетот на животот во градот генерално.

Притоа, Камео нема да запре тука од аспект на заштита на животната средина, туку напротив, веќе започна и со електрификација на флотата во Словенија како пилот проект, при што таквата пракса планираме во блиска иднина да ја спроведеме во сите земји каде што Камео работи со крајна цел да постигнеме нула емисија на загадување и здрава животна средина.

Македонските работници се ценети во светот. Но, за да се успее во бизнисот е потребно нешто повеќе, идеа, услови, храброст... Што е тоа што најмногу придонесе еден Македонец, г-динот Владимир Миновски, да успее во бизнисот со Такси Камео во Хрватска. И не само тоа, туку истиот бизнис да го развие и успешно да настапи и на меѓународниот пазар?

- Камео како регионален гигант денеска брои 1.400 вработени и има флота од 900 автомобили. Достапен е во 40 градови и 5 држави. Во последните 14 години стана дел од секојдневието на илјадници луѓе во Хрватска, Словенија, Србија и Чешка, а токму поради Камео, такси превозот им стана достапен на сите – од ученици и студенти до пензионери. На илјадници патници во овие држави по појавувањето на Камео, возењето со такси им стана своевидна дневна рутина.

Денес, Камео континуирано пишува нови поглавја во својата успешна приказна, а следното ќе го испишеме во Македонија. Конкретно, за почеток на улиците на Скопје.

Вашиот бизнис е брзорастечки, но е непходна голема инвестиција при настапот на нов пазар, како и соодветен кадар, без кој компанијата би ги загубила својата препознатливост, имиџ и еден од адутите за привлекување задоволни клиенти. Што е тоа што ќе го понудите како инвестиција при настапот на македонскиот пазар?

- Што се однесува до доаѓањето на македонскиот пазар, Камео влегува со инвестиција вредна 2 милиона евра и во стартот ќе отвори 250 работни места, од кои 200 за возачи и 50 за менаџмент функции т.н. „ладен погон“.

Настапот на Камео сигурно ќе придонесе за подобрување на економската слика во земјата со оглед на бројката на работни места кои се планира да се отворат. При вработувањето секогаш се дава предност на локалното население и така се придонесува за осигурување на нивната и егзистенција на нивните семејства.

Ретки се компаниите каде се среќни и работодавачите и клиентите, но и вработените. Која е тајната токму вашата компанија да биде пожелна за вработување? Што е тоа што им го нудите или овозможувате на вработените, а што тешко можат да го најдат на друго место?

- Камео од самите почетоци се води од идејата дека компанијата е од луѓето за луѓето. Тоа значи дека еднакво се грижи за вработените, кои ги смета за свое семејство, но и за патниците на кои секогаш настојува да им пружи најдобра услуга.

Возачите на Камео во Македонија, првите три месеци ќе имаат загарантирано највисока плата во нивната бранша. Освен тоа, ќе им биде понудено и флексибилно работно време, а на располагање ќе имаат логистичка и секаков вид поддршка 24 часа, 7 дена во неделата.

Исто така, ќе се погрижиме новите камеовци да почнат со смените целосно подготвени за да можат својата работа да ја извршуваат квалитетно, сигурно и на крајот да бидат задоволни. При што, истите ќе бидат дел од Камео академијата преку добивање на стандардизирана едукација за постигнување на најквалитетни такси услуги. Имено, Камео е единствената такси компанија во ЕУ со ИСО 9001 сертификат. Затоа ги повикуваме сите заинтересирани за работа да се јават преку контакт-образецот на www.cammeo.mk.

Вашиот бизнис се соочува со различни и пробирливи клиенти. Сите тие сакаат да го добијат тоа што им е понудено и што го плаќаат. Каква е разликата во услугите што ги нудите вие во споредба со конкуренцијата, за да бидете пожелен партнер на корисниците?

- Услугата за превоз на Камео се води од слоганот кој гласи: „Каде и да одиш, ние одиме во твојот правец“. Ние нудиме, најдобар и најсигурен такси превоз на кој ќе можат да се ослонат жителите на Скопје и нивните гости, 24 часа дневно, 7 дена во неделата.

Камео ќе може да се нарача преку кол-центарот и преку апликација на ИОС и Андроид смарт телефони. Освен тоа, нудиме и бројни погодности за патниците, како што е плаќање со картичка преку апликацијата и во возилото, што ќе им го направи возењето безгрижно и уште поудобно.

Владимир Миновски не го крие задоволството заради доаѓањето на новиот пазар, во родната Македонија, а како што вели самиот, тука не е крајот на експанзијата на Камео.

- Засега не би открил премногу. Само можам да кажам дека во блиска иднина возилата на Камео ќе ги гледате по улиците на уште неколку регионални и европски градови, најавува Миновски.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе