Светски архитекти во октомври ќе учествуваат на „Проект Скопје"

По разорниот земјотрес во 1963 година, кој остави повеќе од 80 отсто од зградите во урнатини, Обединетите нации вложиле исклучителен напор за реконструкција и редизајн на Скопје, поканувајќи во обновата да се вклучат голем број светски архитекти, меѓу кои Кензо Танге од Јапонија, Јап Бакема и Ван ден Брук од Холандија како и Константин Доксиадис од Грција. Нивните проекти биле потврда на идејата дека модерните градови и општествата можат да бидат проектирани и реконструирани преку идеи и концепти кои се својствени на архитектурата и урбанизмот, а притоа и се длабоко хуманистички.

Педесет и пет години по изработката и усвојувањето на планот за реконструкција на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во Скопје со свои предавања ќе гостуваат архитектите Реинер де Граф од ОМА-студиото од Холандија и Су Фуџимото од Јапонија, како и проф. Чарлс Валдхајм од Универзитетот Харвард во САД.

„Основната цел на „Проект Скопје" во 2020 година е да ја преиспита моќта на архитектурата и урбаниот дизајн како двигатели на реконструкцијата на општествата и градовите низ светот. Проектот за Скопје беше одлична можност за светските архитекти од тоа време, на покана на ОН, да создадат навистина светски проект кој ќе ги промовира универзалните хуманистички вредности создадени низ архитектурата. Овој процес беше реализиран низ блиска соработка на врвните архитекти од целиот свет за создавање на светската визија за Скопје“, истакнува проф. д-р Огнен Марина, декан на Архитектонскиот факултет.

На настанот „Проект Скопје", кој се организира во соработка со „Домејн студио" од САД, посебни предавања ќе имаат и еминентните професори Хаџиме Јатцука од Токио, експерт за делата на Кензо Танге, Дирк ван ден Хувел од Холандија, експерт за делото на архитектот Јап Бакема, Дебора Хаупман од САД, Инес Толиќ од Италија и професорката Анета Христова-Поповска од Архитектонски факултет која ќе говори за делото на професорот и архитект Живко Поповски.

Деканот на Архитектонскиот факултет нагласува дека по половина век, светските архитекти во октомври повторно ќе размислуваат и дискутираат за Скопје, но сега не само како за град кој треба да се обнови, туку како парадигма и модел за соработка во создавањето праведно општество и одржливи градови. 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе