Светна новогодишната елка на скопскиот плоштад

Новогодишната елка поставена на плоштадот „Македонија” светна вечерва, а почна со работа и новогодишниот базар „Винтерленд 2020". Со тоа, во Скопје официјално почнува празнувањето во пресрет на највеселиот ден во годината, а граѓаните имаат можност да ја почувствуваат новогодишната магија и да уживаат во разновидна забавна програма.

Новогодишните куќички на „Винтерленд” се сместени на новиот плочник меѓу ГТЦ и плоштадот, а новогодишната програма ќе трае до 31 декември, до пречекот на Новата 2020 година. Во близина на куќичките е сместена и мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани што ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без оглед на возраста. На овој простор има и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер.

Во работните денови секој ден ќе има два часа детска програма, што ќе почнува околу 16 часот, а подоцна ќе има три часа програма за возрасни. За време на викендите е планирана целодневна програма, што ќе почнува точно напладне. 

 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе